март 4, 2015

Скопје, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Слушнавме многу прекрасни зборови за интеграцијата во Европската Унија во последните години во оваа земја, а сега е време, сите политичари во оваа земја да го покажат ова со дела, рече евроамбасадорот Аиво Орав.

Помалку од две минути траеше обраќањето на амбасадорот на Европската Унија во Македонија Аиво Орав на денешната конференција за новиот твининг проект што се одржа во Секретаријатот за европски прашања.

– Моите колеги ми подготвија говор за настанот, но тој е премногу технички за мене и нема да го читам. Овој твиниг проект се однесува на европската помош на земјата за интеграција во Европската унија. Слушнавме многу прекрасни зборови за интеграцијата во Европската унија во последните години во оваа земја. Сега е време, сите политичари, повторувам сите политичари во оваа земја да го покажат ова со дела. Овде сме за да и помогнеме на вашата земја на вашиот пат кон Европската унија меѓутоа мора да видиме дека навистина тоа го сакате, рече Орав.

Тој не сакаше да коментира дали се чувствува навреден од тоа што се слушна во телефонскиот разговор на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзниот колега Зоран Ставрески, што лидерот на СДСМ Зоран Заев го објави на прес конференцијата во понеделникот. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука