април 26, 2017

Париз , 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Организаторите на „Ролан Гарос“ најавија дека на 16 мај ќе ја објават одлуката дали да и обезбедат „вајлд карта“ на Марија Шарапова за овогодинешното издание на Отвореното првенство на Франција.

Ова се прави со цел ставање крај на шпекулациите за начинот на учество на Русинката во вториот за годината Гренд слем турнир.

Како што е познато, Марија Шарапова беше казнета за допинг, а денес ќе биде нејзината прва појава на теренот од почетокот на 2016 година. 30-годишната Русинка излегува против Роберта Винчи (Италија) во Штутгарт по 18:30 часот. Потоа и претстојат учества на турнирите во Рим и Мадрид.

Многу тенисерки од горната половина на светската ранглиста неодамна се изјаснија против обезбедувањето на „вајлд карта“ на Марија Шарапова за различни турнири. (Крај)

извор: Стандард.мк фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука