Дебрца/Охрид, 23. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пронајдено нелегално оружје кај жител од Лешани.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В.(35) од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „фалсификување на огнено оружје“.
При претрес во неговиот дом на 6-ти март годинава биле пронајдени и одземени ловна пушка „Мossberg“ и седум куршуми за ловна пушка, кои ги поседувал нелегално. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 23