Скопје, 28. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува собирањето потписи за кандидатите претенденти за влез во трката за прв човек на државата.
Заклучно со синоќа до 20:00 часот собрани се вкупно 48.621 потписи, а за тројца кандидати се потпишале над 10.000 граѓани. Бујар Османи има 11.028, Максим Димитриевски 10.700, а Арбен Таравари 10.083. Билјана Ванковска има 7.876 граѓански потписи, Стевчо Јакимовски 6.676, додека останатите кандидати имаат под илјада потписи.
Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова немаат потреба од потписи, бидејќи во претседателската трка ќе влезат со 30 пратенички потписи. Но, сепак од нивните таботи најавија дека и тие ќе собираат потписи од граѓаните.
Собирањето потписи ќе трае до 8 март. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива