јули 30, 2019

Скопје, 30. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вицепремиерот, Бујар Османи, изјави денеска дека од ДУИ била воспоставена комуникација со Охрид, како што рече, по инцидентот завчера кога советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усени, нападнал професор и жител на Охрид затоа што пријавил див приклучок на водоводната мрежа.

– Одговорот што го добивме од таму беше дека доколку се почне со неселективно рушење на дивоградбите, ќе ја имаме честа да почнеме од него со рушење. Зошто го кажувам ова, бидејќи неселективниот пристап е најважен. Нема потреба да се партизира и политизира оваа работа. Секој си носи одговорност за постапките – рече Османи за дивоградбата кај чинарот во Охрид.

На прашање дали по инцидентот ДУИ ќе го исклучи од партијата Нефи Усеини, Османи рече:

– ДУИ нема да поддржи или заштити некој доколку го има прекршено законот. И во делот на дивоградбите пораката е да се почне со неселективно рушење на сите дивоградби, не само во Охрид, туку низ целата држава, рече Османи. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука