Охрид, 31. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од денес до недела, Охрид ќе биде домаќин на 8. издание на спортската манифестација „Охрид трчат“.
Учество ќе земат 2.200 натпреваривачи од 31 држава, а денеска започна „експото“ каде натпреварувачите можат да ги подигнат стартните пакети, а ќе се одржи и работилница, ноќна трка и концерт на групата „Камелеон“.
– Во оваа прилика јавно се заблагодарувам на организаторите кои целиов период вредно работеа за се да биде совршено добро со беспрекорна и богата програма којашто ветува успешно издание. Од 7 до 77 години, сите охриѓани се вклучени, истакна на прес конференцијата градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
Главниот настан ќе се одржи во недела, на 2-ри јуни, со почеток во 07:45 часот. Стартот на трката на 21 километар е во 08:15 часот, додека трката на 5 км стартува во 09:00 часот.
Предвидена е и соодветна забавна програма за учесниците со диџеи, фан зони и зони за освежување. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива