Охрид, 5. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во склоп на Основното училиште „Ванчо Николески“ во селото Лескоец во тек се активности за изградба на спортска сала, што е голем капитален и значаен проект за учениците и жителите од Лескоец.
Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, денеска изврши увид на текот на градежните активности.
– Согласно договорот со економскиот оператор, очекуваме за околу 18 месеци да биде изграден овој значаен проект за жителите на Лескоец. Овој проeкт години наназад беше ветуван но никогаш до сега не беше започната постапка за негова реализација. На дело покажуваме дека подеднакво се грижиме за секој дел од територијата на Општина Охрид, истакна Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27