Охрид, 5. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Со свечена приредба во подрачното училиште во Рача, Основното училиште „Григор Прличев“ денеска ги започнува свеченостите по повод патрониот празник.
Приредбата ќе започне во 18 часот и 30 минути.
Утре, во 10 часот и 30 минути ученици и наставници од училиштето во Охрид ќе положат ловоров венец и цвеќе пред бистата на поетот во училишниот двор. Во 11:00 часот во централното училиште ќе се одржи „Прличевата визита“, а во 18 часот и 30 минути во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена ликовна изложба и ќе се доделат наградите на најдобрите ученички творби кои пристигнаа на конкурсот што се објавува по повод патронатот.
Свечената приоредба на училиштето е закажана за утревечер во 19 часот во охридскиот Центар за култура.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес