ноември 28, 2017

Скопје, 28. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Основното јавно обвинителство покрена истрага против 36 лица поради основано сомнение за сторено кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ од член 313 од Кривичниот законик за кое е предвидена казна од најмалку 10 години затвор.

Станува збор за постапка поврзана со настаните кои се случија на 27-ми април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

Приведувањето на осомничените уследи по завршување на предистражната постапка.

sobranie27april1Во Основниот суд Скопје 1 на распит пред Истражен судија се доведени поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и неколку организатори на протестите „За заедничка Македонија“. Во акцијата на полицијата, покрај поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност биле приведени и охриѓаните Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, како и Крсто Мукоски од Вевчани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука