февруари 26, 2015

Охрид, 26.февруари, 2015 (ОХРИДПРЕС) – Статистичките податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во четвртото тримесечје од минатата година, во Охрид се родиле 130 новороденчиња.

Во истиот период починале 157 лица.

Природниот прираст во Охрид во четвртиот квартал од 2014 година е 27 лица. За толку бројот на живородените деца е помал од бројот на починатите, соопшти Државниот завод за статистика.

За истиот временски период 80 парови од Охрид склучиле брак, а биле евидентирани и 25 разводи. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука