News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
април 5, 2024

Охрид, 5. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Осуммина млади уметници од различни држави овој месец ќе живеат и ќе истражуваат во Охрид, како дел од резиденцијата во рамките на проектот „Проспер: прототип за одржливи резиденции во перифериите“.

Главните приоритети се да се ангажираат уметници и локални заедници во два региона со големо еколошко значење, поточно островот Евија во Грција, кој претрпи деструктивни шумски пожари во 2021 година и Охридското Езеро во Македонија, кое трпи деградација поради човечка активност што го загрозува неговото ендемско значење, јави vecer.press.

Уметниците работат во повеќе различни дисциплини како: музика, кукларство, фотографија, вајарство, поезија, сликарство, илустрација, поврзани се со изведувачките уметности, биле активни како куратори, културни и социјални работници во повеќе колективи и на различни места во Европа и на Блискиот Исток. Нивните истражувања и впечатоци ќе преминат во проекти поврзани со Охридскиот Регион.

Проспер вклучува пет партнерски организации, како и шест придружни партнери и повеќе од 40-мина учесници, кои заедно ќе создадат резиденции, колективно и заемно учење меѓу уметниците и локалната публика, транснационални копродукции во изведувачките и во визуелните уметности, обука за градење капацитети за културата и за туризамот и прототип на одржливи и инклузивни живеалишта во перифериите. (Крај)

извор: vecer.press фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука