јули 19, 2017

Охрид, 19. јули 2017(ОХРИДПРЕС) – По повод осум децении од раѓањето на академик Васко Ташковски, утре во Куќата на Уранија (МАНУ) ќе биде отворена изложбата „Акварели“.

Изложбата е во рамки на манифестацијата „Научна и уметничка визита 2017“, организирана од МАНУ, а за отворена ќе ја прогласи секретарот на одделението за уметност, Газанфер Бајрам, а промотор ќе биде академик Катица Ќулавкова.

Манифестацијата ќе трае до 28-ми јули. Според програмата, академик Иван Катарџиев на 26-ти јули ќе одржи предавање на тема „71 година од добивање културна автономија на Пиринска Македонија“, а на 28-ми јули ќе има поетско-ликовна вечер. Проф. д-р Иван Џепароски ќе ја промовира книгата „Извештаи на рисот“, која содржи песни од Славе Ѓорго Димовски и цртежи од Сергеј Андреевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука