март 6, 2015

Охрид/Софија, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во студиото „Print Nest“ во Софија Бугарија, беше претставен вториот дел од Проектот изложба „Црвената точка“, кој уште минатата година го иницираа охридските уметници Павел Целкоски и Зоран Мише.

Изложбата ќе биде отворена до 25-ти март. И минатата година, охридските уметници Целкоски и Мише, беа дел од оваа изложба. Концептот се однесува на дела црно-бели идеи на црвени точки.

Двајцата автори повторно творат во познатата уметничка галерија во Бугарија, но овој пат, придружувани од уште двајца истомисленици. На изложбата се поставени дела графика на Зоран Мише, Павел Целкоски, Горан Тричковски и Васил Ангелов.

crvenatocka2

Зоран Мише и Павел Целкоски се магистри по отсек графика. Моментално живеат работат во Бугарија. Членови се на Центарот за културен проток АРТерија од Охрид. Истовремено со оваа изложба, уметници Мише и Целкоски се дел и од изложбата „Конекција 2” во Софија, Бугарија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Целкоски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука