Струга, 23. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ „Музеј д-р Никола Незлобински“ во Струга е отворена изложбата „Водни животни“, со која се одбележуваат Европските денови на културното наследство.
Изложени препарирани водни животни, а автор е препаторот во Музејот, Васко Јолески, за кого ова е прва самостојна изложба.
Изложбата е поставена во Природно – научниот музеј, а посетителите ќе имаат можност да ја погледнат до 28-ми септември. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 62