Охрид, 22. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во Охрид беше отворена традиционалната Летна школа по мајчин јазик за децата од дијаспората, во организација на Агенцијата за иселеништво.
Во наредните седум дена, 50 деца од Шведска, Германија, Австрија, Данска, Хрватска, Швајцарија и други земји ќе имаат можност заедно да учат и другаруваат и одблиску да ја запознат македонската историја, традиција, култура и јазик, пренесена од едукаторите на Летната школа.
Пред присутните се обратија директорот на Агенијата за иселеништво, Никола Шалваринов, кој се заблагодари пред присутните и посочи дека Агенцијата за иселеништво е посветена на реализацијата на проекти кои имаат за цел да ги доближат македонските иселеници.
На свеченото отворање на Летната школа, свое обраќање имаше и министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, кој посочи дека ваквите проекти треба да продолжат и во иднина, бидејќи се мост помеѓу земјата и иселениците. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Агенција за иселеништво