Охрид, 19. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети продолжуваат со новитети за своите потрошувачи.
Профилирајќи се како вистински лидери во малопродажбата во регионот и следејќи ги потребите на потрошувачите, денес свечено отворија уште една пекара.
Лебот, слатките и солени пецива отсега ќе бидат достапни и за потрошувачите во „Тамаро 7“ маркетот, на улица „АСНОМ“.
– Следејќи ги потеребите на потрошувачите, кои се наш приоритет број еден и по кои ја креираме нашата стратегија, ја отворивме втората пекара. И тука ќе ги има лебот и пецивата од стандардната програма, лепеза производи кои одговараат за сечиј вкус. Секако дека тука не застануваме и ќе работиме на проширување на производната програма, велат од „Тамаро“ маркетите.
Пекарата на „Тамаро“ веќе подолго време испорачува леб со врвен квалитет, свежо печен, но и голем број најразновидни пецива, кои потрошувачите можат да ги купат во сите маркети, секогаш свежи и со контролиран и константен квалитет.
По повод отворањето, асортиманот во пекарата денес е на попуст од 30%. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес