март 9, 2015

Охрид, 9.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Женскиот центар ,,Бисера” и годинава Меѓународниот ден на жената беше одбележан со  изложба на слики од охридски сликарки.

На годинешната 20-та по ред осмомартовска ликовна поставка што ќе биде достапна за јавноста и во текот на наредните денови во Центарот за култура „Григор Прличев“, учествуваат дваесет сликарки од Охрид.

izlozba_slikarki_1

На овој традиционален настан учествуваа ученици од Средното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ од Струга кои го стекнуваат музичкото образование во класата на професорот Дамјан Пејчиноски. Со пригодни стихови, осмомартовската средба на жените уметнички ја збогатија и учениците од Гимназијата „Свети Климент Охридски“ од Охрид (Крај)

извор:ОхридПрес  фото:ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука