Охрид/Белчишта, 8. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во општините Охрид и Дебрца сите избирачки места се отворени, а гласањето и изборниот процес се одвива непречено и без какви било нерегуларности.
Според информациите од ОИК во Охрид, отворени се сите 87 избирачки места, така што граѓаните можат непречено да го дадат својот глас за еден од двајцата кандидати за претседател на државата, како и за некоја од листите за пратеници во Парламентот. Според ОИК, задоцнување во отворањето на гласањето имало само на едно избирачко место и тоа поради технички причини. Откако биле отстранети причините изборниот процес се одвива непречено.
Како што информираат од ОИК Дебрца, отворени се и сите 23 гласачки места во атарот на Општината, а гласањето се одвива непречено.
Во главниот избирачки список за денешните Парламентарни избори во Охрид се запишани 51.865 избирачи додека за вториот круг од Претседателските 51.717 избирачи, информираат од ОИК. Разликата во бројката на запишани избирачи е поради тоа што 148 од првиот круг од Претседателските избори стекнaлe полнолетство и тие имаат право да гласаат само на Парламентарните избори. Што се однесува на гласањето вчера, правото не го искористиле едеинаесет од вкупно пријавените 239 избирачи.
Според главниот избирачки список, за Парламентарните избори во Дебрца е запишани 4.001 избирач, додека за вториот круг од Претседателските избори 4.009. Во текот на вчерашниот ден своето право на глас го искористиле 33 од 34-те пријавени изнемоштени и лица со посебни потреби од Дебрца. (Крај)
извор: МИА фото: архива