Охрид, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Технолошкиот фестивал Codefest овој април, од 7-ми до 9-ти, во Охрид ќе го одржи своето петто јубилејно издание.
Во рамки на фестивалот се одржува Codefest маратонот, кој претставува 32-часовен тимски натпревар во развивање на софтверски и хардверски, иновативни и креативни решенија. Настанот е основан и организиран од страна на СТАРТАП ЗОНА, јави Радио МОФ.
Досега учество на маратонот можеа да учествуваат само студенти, а тоа за првпат се менува со тоа што оваа година натпреварот ќе биде отворен во три категории: млади (до 16 години), студенти (од 17 години до мастер студии), и професионалци (вработени, freelancer-и, или не било кој начин, не-студенти).
Учесниците ќе се натпреваруваат за победа во секоја од овие категории засебно. За аплицирање на Маратонот потребно е да има тим од 2 до 5 членови и да има креативна и иновативна технолошка идеја на која досега не се работело.
– Услов за учество е за прв пат идејата да ја развивате во рамки на настанот, во тие 32 часа, појаснуваат организаторите.
Формуларот за аплицирање за Маратонот е достапен на следниот линк. Апликациите се отворени до 28-ми февруари 2017. (Крај)
извор: Радио МОФ фото: Радио МОФ