Охрид, 20. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица од 20-ти до 26-ти ноември, под мотото „Сите сме нивни деца“, Црвен крст Охрид организира промотивен настан „Отворен ден за грижа за стари лица“.
– Волонтерите од Групата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид ќе презентираат бројни креативни активности и чекори кои ги презема нашата организација за квалитетно и достоинствено стареење на старите лица во регионот во кој делуваме, информираат од охридскиот Црвен крст.
Настанот ќе се одржи во вторник, на 21-ви ноември 2023 година во просториите на Црвен крст Охрид во периодот од 11:00 до 14:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 47