Охрид, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По неколкуте акции кои ги иницираа охриѓани за собирање средства за помош на семејството на Музафер Садик, чија куќа, што се наоѓа на улицата „Даме Груев“, изгоре во пожар, предизвикан од запален оџак, се апелира за помош и од македонските иселеници во странство.
Така граѓаните кои живеат во странство можат да донираат средства за помош преку Охридска банка според следниве податоци:
Muzafer Sadik
„Dame Gruev“ 136 Охрид
IBAN Code: MK07530280003383328
Ohridska Banka AD Skopje
„Orce Nikolov“ 54
Makedonija
OhridMK22
Охридското семејство во пожарот го загуби домот и моментално немаат место за живеење, освен привремени живеалишта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28