Скопје/Охрид, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најголем должник за даноци во државата е компанијата „Отекс“ А.Д. Охрид која за ДДВ има долг од 10,5 милиони евра, јавува Управата за јавни приходи.
УЈП ја објави првата јавна листа на должници за годинава на која има вкупен долг од 211 милиони евра што е за близу 19 милиони евра повеќе од претходната.
Големи должници се компаниите „Ел Дон Кастиљо“, „Индустриа Ал Азтека“, „Мотор Коач Индустрија Интернационал“, сите со долгови од по десетина милиони евра. Евидентирани се вкупно 2 889 фирми должници.
Меѓу 1657 физички лица на листата, најголем должник е осуденик, жителка на Скопје, жител на Куманово и на Велес. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
Прочитано: 43