Отец Оливер: Измамници во Маџари и Охрид се претставуваат како волонтери од „Свети Спас“ и собираат пари
декември 23, 2024

Скопје/Охрид, 23. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Хуманитарната организација „Свети Спас“ реагира дека повторно се појавиле измамници што се претставуваат како волонтери од оваа организација и собираат пари.

– Овој пат, вакви случаи се забележани во Маџари и во Охрид. Претпоставуваме дека се работи за организирана група, затоа што се случува вакво нешто во исто време, на повеќе локации, објаснува отец Оливер Петровски од хуманитарната организација „Свети Спас“.

Од оваа хуманитарна организација предупредуваат, доколку ви дојде некој таков дома, во кафулињата, во рестораните или на улица, веднаш да го пријавите во полиција бидејќи се работи за измамник. Апелираат, доколку кај некого дојде лице што се претставува како нивни волонтер, да го фотографира и да ги испрати фотографиите во организацијата за да се разоткрие оваа криминална група. (Крај)

извор: vecer.press/А.П. фото: vecer.press

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука