Скопје, 28. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи во текот на изминативе денови реализираше шест одвоени случаи на крумчарење мигранти.
Против седум лица (од кои по еден романски, грчки и албански државјанин) се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“.
Откирени се 38 илегални мигранти на возраст од 66 до две години повеќето од Сирија (27) како и седумина илегални мигранти од Ирак, двајца од Мали и по еден од Нигерија и од Того. Тие се сметени во Прифатниот центар во Скопје, а од страна на Судија на претходна постапка на петмина од пријавените им одреди мерки притвот – за четворица во траење од по 30 дена а за еден во траење од осум дена. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 28