Копенхаген, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Данската полиција соопшти повеќе детали за виновникот за нападите во Копенхаген, извршени во саботата.
Од информациите стана јасно дека тоа е 22-годишниот Омар ел Хусеин, кој израснал во Данска. Тој имал врски со криминални групи, но според истражителите дејствувал сам.
Полицијата соопшти само дека бил познат со прекршување на законот за носење на оружје и вршење на насилство. Данско издание соопшти дека Хусеин излегол од затвор само пред две недели, каде ја отслужи затворската казна за вршење на насилство.
Омар ел Хусеин беше застрелан од полицијата во неделата пред зори, откако пукал против силите на редот и дејствувал сам. Тој уби вкупно двајца цивили и рани петмина полицајци.
Во текот на вчерашниот ден беше извршена голема полициска операција во интернет кафе, во близина на местото каде беше убиен наводниот сторител на двата напади. Најмалку две лица беа уапсени.
Истрагата работи на хипотезата дека напаѓачот бил инспириран од нападите против францускиот неделник „Шарли ебдо“ во Париз. (Крај)
извор: Ројтерс фото: Ројтерс