февруари 6, 2017

Охрид, 6. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на одбележувањето на патрониот празник, Основното училиште „Григор Прличев“, денес ќе потпише Меморандумот за соработка со Гете-Институт – Скопје.

Професорката по германски јазик, Ивана Маховска Шикалеска, вели дека веќе седма година училиштето успешно реализира настава по германски јазик во која се користат најнови методи и техники прилагодени на возраста на децата.

Меморандумот ќе го потпишат директорката Силвија Мојсовска и директорката на Гете-Институт Скопје Тања Кригер, во рамките на иницијативата „PASCH-Училишта партнери на иднината”. Свеченоста ќе се одржи денес попладне во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука