Охрид, 17. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти март Основното Училиште „Живко Чинго“ ќе го одбележи својот патронат.
Повеќе децении наназад ова училиште е расадник на образовани и воспитани млади генерации, кои понатаму успешно чекорат во животот, притоа следејќи ги современите трендови и промени во образовниот систем.
Покрај најавената свечена академија, ќе се доделат дипломи на учениците кои освоиле награди на општински, регионални и национални натпревари по повеќе наставни предмети.
Училиштето кое го носи името на познатиот македонски и охридски писател, минатата година одбележа јубилеј 140 години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 11