Охрид, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Основното училиште „Свети Климент Охридски“ од Охрид изработи проект за заштеда на вода, за чија реализација доби и финасиски грант.
– Средствата од грантот беа строго наменски и поврзани со проектот. Во сите тоалети и во спортската сала беа променети старите славини со нови кои сами се исклучуваат по одредено време. Со оваа активност е планирано за 20-30% проценти да се намали потрошувачката на вода, вели директорот на училиштето Јордан Пуроски.
Активностите за заштеда на вода беа реализирани во рамките на проектот „Зелени училишта, почиста околина, поздрав живот“ што го организира ОХО. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 34