Охрид, 12. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод завршување на учебната година Основното Училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид ќе оддржи настан под мото „Приказна за моето училиште“.
Свеченоста ќе се одржи утре на градскиот плоштад со почеток во 11,00 часот. Училиштето ќе презентира дел од своите активности, услови и можности пред своите сограѓани.
Како што најавуваат од училиштето, ќе има бројни музички и забавни точки. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 37