Охрид, 18. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Заедно со локалните избори на ниво на општина Дебрца се спроведе и референдум на кој жителите имаа можност да ја изразат својата волја, дали се ЗА или ПРОТИВ изградба на регионална депонија за цврст отпад на територијата на Општина Дебрца.
– Од вкупно запишаните 4.625 граѓани во избирачкот список, на референдумот својот глас го дале 3.149 граѓани или 68%. Од излезените граѓани ПРОТИВ изградба на регионална депонија се изјасниле 2.746 или 87 %, додека ЗА изградба се изјасниле 297 или 13% од вкупно излезените жители, информриаат од Општинската изборна комисија на Дебрца од каде констатираат дека референдумот е успешен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26