Охрид, 5. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според престижната World Travel Awards, охридската агенција DMC Balkans е номинирана за водечки македонски Tour Operator за 2020 година.
Станува збор за награда, која е призната на глобално ниво во полето на туризмот и е најголемото признание кое може да му се додели на некој tour operator.
– Примарното мото на DMC Balkans Travel & Events е да се испорача врвен квалитет и услуга. Ова е значајна награда за нас и ќе претставува вистинско интернационално признание за нашата работа, истакна Филип Стефаноски од туроператорот DMC Balkans.
DMC Balkans постои 5 години и интензивно работи на носење на странски гости во Македонија и на Балканот. За прв пат во 2018-та година, надмината е бројката од милион гости.
Гласањето се одвива ОВДЕ, а повеќе за DMC Balkans од интервјуто на Стефаноски за Супер радио и OhridPress. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива