јануари 18, 2017

Охрид, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународното жири на Охридската академија на хуманизмот Светската награда за хуманизам за 2017 година вечерва ќе му ја додели на големото име на чешката и светската кинематографија – Јиржи Свобода.

Свечената прослава на доделувањето на Светската награда на хуманизмот на Јиржи Свобода, ќе се одржи во куќата на Уранија на МАНУ, со почеток во 19 часот.

jiri-svoboda-1

Од нејзиното воспоставување во 2007 година, Светската награда за хуманизам е доделена на великаните на интернационалната хуманистичка визија , како што се Даисаку Икеда (Јапонија), Мануел Де Олвеира (Португалија), Александр Солжењицин (Русија), Рави Шанкар (Индија), Питер Брук (Велика Британија), Херта Милер (Германија), Џон Ралстон Саул (Канада), Светлин Русев (Бугарија), Вида Огњеновииќ (Србија), Дарко Гашпаровиќ (Хрватска). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука