февруари 6, 2018

Охрид, 6. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридската библиотека со пригодни свечености ќе одбележи 125 години од смртта на Григор Прличев.

Во рамки на културната манифестација „Прличеви беседи“, денеска од 11:30 часот, пред бистата на Прличев, ќе биде положено цвеќе. Беседа за ловороносецот ќе одржи поетот Разме Кумбароски од Друштвото на писатели на Македонија.

Во 13:00 часот во просториите на библиотеката ќе биде промовирана книгата „Сага за Охрид“ од новинарката Валентина Нелоска, по што ќе се одржи традиционалната Охридска визита. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука