Охрид, 2. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ со пригодна програма ќе го одбележи патрониот празник, 8 -ми декември, денот на Св. Климент Охридски.
Настаните ќе започнат од утре, 3-ти декември од 12:15 часот со отворени часови по хемија и физика, продолжуваат на 4-ти декември со квиз во организација на Активот по математика, а на 5-ти декември ќе се одржат отворени часови по биологија и георграфија. Сите овие настани ќе се одржуваат во покровјето на гимназијата.
За 6-ти декември во спортската сала на училиштето е предвиден хуманитарен саем.
Свечената академија по повод патронатот ќе се одржи на 7-ми декември во центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива