Охрид, 4. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Многумина го знаат како брат на Dj Kone (Тајсон), „новинар“ на Супер радио и OhridPress, а најголемиот дел го препознаваат по неговите „перформанси“ во центарот на градот.
Неговото име е Керим, а приказната за него ја овековечи и писателката Капка Касабова во нејзиното дело „Кон езерото“, приказната за Охридското и Преспанското Езеро, регионот и древното тромеѓе кое денес ги дели Македонија, Албанија и Грција.
Касабова пишува дека Охрид е мирен град во кој не се случуваат многу настани, но оваа секојдневна рутина ја нарушува токму тој – Керим.
– Секој ден по ручекот, тој излегува по чаршијата со неговото радио од кое се слушаат гласни песни, кои тој ги пее на повеќе јазици – македонски, албански, турски и бугарски, пишува Касабова.
Можеби и најдобар е коментарот од келнерот во ресторанот кој запрашал, „Дали е тој луд или сите ние другите добро се криеме“…
Своевремено Керим беше дежурен „новинар“ на Супер радио и OhridPress, а неговите осврти на актуелните случувања во Охрид и пошироко можете да ги најдете ОВДЕ (неверојатно колку свежо и актуелно звучат и денес). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес