Охрид, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со грант во висина од 37.930 евра, одобрен од јапонската Влада, ќе се купи ново амбулатно возило, се со цел побрз и подобар транспорт на пациентите кои поради лекување мора да бидат пренесени во други болници во државата.
Пациентите кои не можат да добијат соодветно лекување во болницата, често се пренесуваат во клиниките во Скопје и Битола.
Амбулатното возило со кое располага болницата е старо, често се расипува и болницата е принудена да позајмува амбулантни возила од други здравствени центри.
Освен во Охрид, јапонската Влада ќе помогне и во реализација на проекти уште во пет региони во земјава, за што се обезбедени финансиски средства во висина од 368.626 евра.
извор: МИА фото: архива
Прочитано: 15