Охрид, 16. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид во изминатиот период, од 15-ти ноември, заклучно со вчерашниот ден, 15-ти март, додека беше на сила обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, издала предупредувања на вкупно 60 возачи.
Дел од нив, иако предходно добиле предупредување, и понатаму не ја почитувале одредбата, па така, се стекнале со пријави.
– Полициските службеници имаа предупредено 60 возачи, учесници во сообраќајот на патиштата на териториката на СВР Охрид, а беа издадени 10 пријави поради непочитување на одредбата за задолжително носење зимска опрема во возилата. Дел од возачите, кои беа казнети, предходно биле предупредени од сообраќајната полиција, но продолжиле и понатаму да возат без соодветната опрема, информира портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.
Правилата за користење и носење зимска опрема во возилата се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива