Охрид/Белград, 23. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во Белград се се одржа „Охридска вечер“, во рамки на презентацијата на туристичките потенцијали на Охрид, на 40-от Меѓународен саем на туризам.
На вечерта на која присуствуваа бројни,туроператори, туристички агенции и јавни личности, градоначалникот Јован Стојаноски ги повика присутните да ги вкусат охридските специјалитети и да го посетат Охрид, една од најатрактивните дестинации во регионот.
Саемот во Белград на кој учествуваат околу 1 200 излагачи од 55 земји од светот завршува в недела. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид
Прочитано: 20