февруари 25, 2015

Охрид, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, на 6-ти март, петок, ќе се одржи традиционалната манифестација „Охридска поетска китка“.

Поетската манифестација е во пресрет на одбележувањето на Денот на жената 8-ми Март, каде неколку поетеси ќе се претстават со свои стихови.

„Охридската поетска китка“ ќе се одржи во Прличевата одаја со почеток во 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука