Охрид, 6. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По студената ноќ и свежото утро, сончевите зраци преку денот охриѓани, но и гости го искористија за прошетки.
Раздвижено беше по кејот, а имаше и такви кои убавото време го користеа и за сончање.
Овој период од годината охриѓани повеќе го сакаат, од причини што ги нема летните горешнини, но и гужви и гласна музика, па можат да си ги наполнат батериите, уживајќи на сонце, покрај езеро. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 15