Охрид, 22. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри септември во селото Скребатно ќе се одржи манифестацијата „Охридска софра“.
Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион, продолжувањето на традицијата како темел на нашиот рурален развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна и годинава ќе бидат главен белег на оваа манифестација.
Пријавувањето е во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој, а ќе трае до 29-ти август. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 42