Охрид, 20. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ продолжува да руши рекорди во бројот на превезени патници, говорат најновите податоци објавени на exyuaviation.com.
Во месец јули биле превезени 51.981 патник што претставува зголемување од 44,7% во однос на минатата година. Биле реализирани 466 прелети, односно забележан е раст од 46,1%.
Во периодот јануари-јули оваа година биле превезени вкупно 156.465 патници, што значи пораст од 56,4% во однос на истиот период во 2018 година.
Според проценките, бројката на превезени патници од охридскиот аеродром годинава ќе достигне 300.000.
Охридскиот аеродром опслужува 22 дестинации, од кои 10 се редовни авиолинии што сообраќаат преку целата година, на 14 авиокомпании: Wizz Air, Edelweiss, Eurowings, Arkia Israel Airlines, Chair Airlines, Pegasus, Onur Air, Corendon Airlines, Brussels Airlines, TUIFly, Nordica, Enter Air, LOT и Helvetic. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива