Охридскиот кардиолог, д-р Никола Бакрачески ќе биде дел од тимот на битолската болница „Плодност“
јануари 3, 2025

Охрид/Битола, 3. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски кардиолог, д-р Никола Бакрачески ќе биде дел од тимот на познатата битолска болница „Плодност“, јави порталот babambitola.mk.

Според истиот извор, доц. д-р сци-мед Никола Бакрачески, кој важи за еден од најреномираните и најискусни кардиолози во регионот со себе носи експертиза, иновативни пристапи и долгогодишно искуство, кои сега ќе бидат достапни за пациентите во болницата. Центарот за ендоваскуларен третман на проширени вени, кој е единствен во Македонија ќе нуди најсовремени методи за третман на венски заболувања, прв од ваков вид во земјата.

– Под водство на д-р Бакрачески, пациентите ќе имаат пристап до најнови технологии и ефикасни процедури за лекување на венски проблеми, стои во објавата. (Крај)

извор: babambitola.mk фото: babambitola.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука