Охрид, 11. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот метал бенд „Мамут“ ја сними новата песна наречена „Jungle Call“.
„Мамут“ се Метал бенд од Охрид основани од Даниел Дичоски на гитара и вокал, Климент Боев на тапани и Филип Дичоски на бас и вокал.
– Имаме настапувано во голем број градови низ цела Македонија, вклучувајќи ги и настапите на Д’фестивал во Дојран и Metal Discharge фестивал во Битола, велат од „Мамут“ за Супер радио и OhridPress.
Додаваат дека во моментов се подготвуваат за Европска турнеја која започнува во септември, на која ќе ја промовираат новата песна. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 65