октомври 3, 2017

Охрид, 3. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот народен театар со претставата „Аналфабет“ од денеска ја почнува тридневната гостувачка турнеја низ Македонија.

Вечерва ќе настапат на јубилејното 20-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово. Ќе настапат вкупно петнаесет претстави, од кои девет се од домашни театри, а шест од театри кои доаѓаат од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово.

Утревечер ќе настапат на деветтото издание на Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, кој се одржува во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Во четврток пак, гостуваат во Радовиш.

Покрај учествата на фестивали, актерите од народниот театар Охрид работат и на подготовка на нова претстава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука