Охрид, 9. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – ЕКО акциите на охридскиот нуркач Никола Паскали не останаа незабележани во македонската јавноста.
Истите се дел од новата кампања на Скопско пиво – „Заедно и се’ е можно“.
– Иако често знаеме да се фалиме со природните убавини во земјава, нашиот однос кон нив раскажува друга приказна. Но за среќа, постојат луѓе кои искрено се грижат за нив и нѐ инспирираат да веруваме дека #ЗаедноИСѐЕМожно – порачуваат од компанијата.
Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.
Паскали и неговите колеги од Нуркачкиот центар „Акватек“ веќе подолго време наназад спроведуваат акции за чистење на дното на Охридското Езеро од ѓубрето кое неодговорни поединци секојдневно го фрлаат во неговите води. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Скопско