Охрид, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Народен театар се приклучува во акцијата на театрите ширум Македонија, за одбележување на Март – Месец на театарот.
Месецот на театарот ќе биде одбележан со исполнет репертоар за охридската публика. Активностите започнаа со гостување во Скопје викендов, каде Охридскиот Народен театар ја изведе претставата „Свињарот“ во рамките на меѓународниот настан „Брејнобрејн“.
Како прва најавена претстава е „Детектор За Лаги“, која ќе се одигра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ на 5-ти март. Потоа на 13-ти март ќе се изведе претставата „На Дното“, додека на 14-ти март ќе се прикажува уште еднаш „Детектор За Лаги“.
Премиера е најавена на Денот на театарот – 27-ми март. Тогаш ќе биде изведена претставата „Вечера За Глупаци“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива