Охрид, 23. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Народниот театар од Охрид ќе се претстави на два културни настани пред македонските иселеници во Србија и Германија.
На покана на македонското друштво „Македониум” Охридскиот театар утревечер во Белград ќе ја одигра претставата „Аналфабет” во режија на Ѓорѓи Ризески. Улогите ги толкуваат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска.
Потоа, на 27 мај, во Франкфурт, Германија, ќе се одигра театарската импровизација – „Импровокација”, со актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски и Филип Жура.
Организатор на настанот е Македонското културно и спортско друштво „Македонија” од Франкфурт. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17