Охрид, 17. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новата театарска сезона, Охридскиот театар ја започнува во понеделник, на 23-ти септември 2024 година, со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.
Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Тодороска, Адријана Билаловиќ-Вељаноска, Елизабета Стефановска- Јандреовска и Марија Новак.
Претставата ќе се игра со почеток во 20:00 часот, а билетите се продаваат по цена од 300 денари.
– Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот, а резервации за претставата не се примаат. Билетите се продаваат само на билетарата, информираат од НУЦК „Григор Прличев“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 248