Белград/Охрид, 2. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Фамилијата занаетчии Шикалески од Охрид се присутни на македонскиот штанд на Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, кој се одржува во Белград.
– Тие ја збогатуваат програмата со рачна изработка на сребрен филигрански накит. Со своја презентација на македонскиот штандот се присутни и бисерите Филеви од Охрид, а би сакале да напоменеме дека Михајло Филев е почесен конзул во Србија. Посетителите се удостоени и со презентација на кој начин се изработува традиционалниот охридски бисер, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: АППТ
Прочитано: 60